МЗШВ ќе потпише меморандум за соработка во земјоделството со Хашемитското Кралство Јордан

Вести

“Отварањето нови пазари и отстранувањето на неекономските бариери останува стратешка цел на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во иднот период”.

Тоа го потенцираше министерот Љупчо Николовски, на денешната средба со почесната македонска конзулка во Хашемитското Кралство Јордан, н.е. Худа Нифаи.

На средбата беше истакнат обостраниот интерес за соработка, која во следниот период ќе треба да се реализира преку потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу двете земји, за соработка во областа на земјоделството.

Главна заложба ќе биде да се отстранат или намалат царинските бариери, со што македонските овошја и раноградинарски производи би се нашле на тамошниот пазар во рамноправна положба со европските.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *