МЗШВ меѓу првите министерства во финализирање на процесот за децентрализација

Вести

Владината работна група составена од министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на Заедницата на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) Петре Шилегов и претставници на ЗЕЛС, како и претставници од надлежните министерства, ги усогласија надлежностите кои што ќе се предадат од централната на локалната власт.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) е едно од најкомплексните министерства и е орган со многу широк дијапазон на делување и обврски во системот на државната администрација и во давањето на јавни услуги.


МЗШВ во својата организациона структура има 25 сектори и 127 одделенија, како и 45 подрачни единици и претставува министерство со најкомплексна структура. И покрај големата комплексност МЗШВ ги финализираше подготовките за предавање на надлежностите од централната на локалната власт и ќе биде првото министерство кое ќе имплементира децентрализација. МЗШВ веќе ги има подготвено нацрт законските измени за одредбите кои треба да се предадат и веднаш по измената на Законот за локална самоуправа, ќе ги предаде надлежностите.


МЗШВ на локалната самоуправа за почеток ќе и ги предаде ингеренциите за активности поврзани со земјоделско земјиште, регистрација на земјоделци како и водење на евиденција на планираното производство, спроведување на постапки за утврдување на штети од елементарни непогоди и други влијанија, штети од дивеч и внесување на податоци во пазарен информативен систем.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *