МЗШВ: Нема да дозволиме сточарите да трпат загуби, предлог решение ќе биде презентирано по претседателските избори

Вести Совети Сточарство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по претседателски избори ќе излезе со предлог решение за да им помогне на одгледувачите на овци и нема да дозволи сточарите да трпат загуби од сопственото производство. Ова беше договорено на средбата што се одржа во МЗШВ со здруженијата на одгледувачите на овци.

По завршувањето на откупот на јагне ќе се анлизираат податоците од терен. На средбата претставниците од здруженијата и од МЗШВ се договорија секое здружение до МЗШВ да испрати пополнет прашалник за сите трошоци што ја формираат производната цена. Оваа цена ќе се спореди со анализите на МЗШВ, со цел да се дојде до реална производна цена, за да може да се подготви соодветно решение за одгледувачите на овци. Решението ќе биде презентирано, по вториот круг на претседателските избори, кога и престануваат законските ограничувања кои важат за време на предизборниот период.

Освен со одгледувачите на овци, деновиве во МЗШВ се одржа и средба со о откупувачите, претставниците од кланиците и извозниците на јагниња, на која што од страна на откупувачите беше посочено дека не очекуваат проблеми со пласманот и дека јагнето во целост ќе биде откупено.

И претставниците на здруженијата на одгледувачи на овци позитивно ја иницијативата на МЗШВ што во моментов се спроведува преку Агенцијата за храна и ветеринарство за попис на бројот на овци и кози и земањето на крв од овците. Се согласија дека за понатамошното креирање на ефикасни политики за развој на овчарството и за правилна распределба на субвенциите, важно е да се знае точната бројка на овци.

Во меѓувреме, МЗШВ постојано ја следи состојбата и откупот на јагнето и апелира до сите одгледувачи на овци да не потпаѓаат под партиски влијанија и манипулации.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *