МЗШВ постојано инвестира во водостопанската инфраструктура, трајно ги решава проблемите со наводнувањето и ги зголемува приносите на земјоделските стопанства

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во петокот присуствуваше на трибина по повод 80 години на Инженерството за брани во Република Македонија.

-Водата во голема мера го одредува , поттикнува или ограничува развојот. Земјоделското производство е сектор кој е директно зависен од наводнувањето. Токму затоа, управувањето, користењето, заштитата и планирањето на водните ресурси се во фокус на активностите на нашите активности како министерство, истакна Николовски.

Тој додаде и дека МЗШВ постојано инвестира во водостопанската инфраструктура, трајно ги решава проблемите со наводнувањето и ги зголемува приносите на земјоделските стопанства.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *