МЗШВ работи на изнаоѓање решение за исплата на лозарите за предаденото грозје во „Поварадие“ и „Стефанс винарија“

Вести

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство внимателно ги разгледува  сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира лозарите во најкус рок да си ги добијат парите за предаденото грозје во винарницата  „Повардарие“ и „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), кои што имаат долг кон лозарите за предадено грозје во 2015 и 2016 година.

Паралелно МЗШВ, е во постојна комуникација со раководството на „Поварадие“ и стечајниот управник на „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), со цел да се најде начин за исплата на лозарите. Воедно, веќе се иницирани и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени.

На состанокот што минатата недела се одржа во МЗШВ заедно со претставници од „Повардарие“, стечајниот управник на „Стефанс винарија“, лозарите, градоначалниците и пратениците од Тиквешкиот регион, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, децидно порача дека лозарите мора да ги добијат парите за предаденото грозје во овие винарници во најкус можен  рок.

Во сабота (02.02.2019) во Кавадарци, министерот Николовски ќе има средба со лозарите од тиквешкиот регион, за да се разгледаат и останатите предлози на лозарите за поддршка и развој на оваа земјоделска гранка.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *