МЗШВ работи за унапредување и развој на ловството во Република Македонија

Вести

Управувањето со дивечот е добро од општ интерес и начин за заштитата на фауната во Македонија. По тој повод, денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, одржа средба со претставници од Ловечката федерација на Република Македонија.

-Наша цел е унапредување на политиките на ова поле, и токму кон тоа работиме. При креирањето на политиките оваа Влада ги вклучува сите засегнати страни. Во таа насока, одржав средба со претставници од Ловечката федерација на Република Македонија со цел да ги слушнам нивните предлози и идеи за развој на ловството во Република Македонија, – истакна министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *