МЗШВ со средствата за капитални инвестиции продолжува да создава услови за достоинствен живот во сите општини

Вести

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше во Општина Лозово каде во тек е реконструкција на осум улици од кои 6 се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово.

Освен средства за улици, обезбедени се и средства за партерно уредување на просторот околу најстарата црква, Св. Ѓорѓија во село Ѓуземелци, која потекнува од 16 ти век.

Министерот Димковски, заедно со директорот Бабовски и градоначалникот Ацо Велковски денеска извршија увид во текот на градежните активности за реконструкција и асфалтирање на улиците и локалниот пат кој ги поврзува двете соседни села с. Милино и с. Каратманово.


Со асфалтирањето на локалниот пат конечно ќе се поврзат трите Општини од Вардарски плански регион и тоа: Велес, Лозово и Св.Николе.


МЗШВ со средствата за капитални инвестиции продолжува да создава услови за достоинствен живот во сите општини.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *