МЗШВ: Воведовме механизам за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците

Вести

МЗШВ го потсетува дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, да не манипулира со земјоделците, редовните исплати на субвенциите согласно календарот за исплата,  не се поткуп туку вистинска грижа за земјоделците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), во изминатите две и пол години за прв пат после 11 години воспоставија механизам за навремена и неселективна исплата на субвенциите од Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите добиваат субвенции, нема веќе списоци за исплати.

Согласно планот, и во следниот период, Агенцијата ќе продолжи со исплатата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019-та година согласно календарот за исплата. Годината што измина заврши со реализација на исплата од 99 отсто на субвенциите по Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Со ребалансот на Буџетот за 2019 година се обезбедија 915 милиони денари ( околу 15 милиони евра) за исплата на заостанати долгови од претходни години, тековни мерки од 2019 година, како и за исплата на интревентните мерки. Со оваа сума, буџетот за земјоделството за 2019 година достигна близу 8 милијарди денари.

Од 1-ви јуни 2017 заклучно со 31-ви декември 2019 година се исплатија над 335,3  милиони евра за субвенции во агросекторот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *