Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на законот за вино, ги олесни условите за малите винарии. Со измената, се овозможи малите винарии да можат законски да го стават нивното вино во промет, да се во склад со сите стандарди за производство на вино, а со тоа во иднина од мали производители да прераснат во поголеми и препознатливи производители на пазарот.
Денеска министерот Трајан Димковски имаше работна средба со здружението „Тиквешки семејни винарии“, кое брои 28 члена т.е мали винарии.
Здружението неодамна учесвуваше на BeoWine во Белград, каде традицинално се одржува најголемиот регионален саем за вино со над 130 изложувачи од 14 земји. Четири мали винарии од ова здружение, учествувале со 8 мостри и за сите осум освоиле награди од кои 4 златни, 1 сребрена и три бронзени.
Ова е само потврда дека и малите винарии можат да произведат врвен квалиет, а измените на Законот кои ги направи оваа Влада, докажуваат дека сме ја препознале потребата за рамноправно вклучување на малите винарии на пазарот.
Очекуваме во следниот период да се интензивира регистрацијата на малите семејни винарии, а успехот на ова здружение нека послужи како поттик за сите останати мали винарии.
#МЗШВ уште еднаш покажа дека со своите политики го поттикнува развојот на сите земјоделски гранки и креира мерки кои ги опфаќаат сите земјоделци заинтересирани да ја развиваат својата дејност.
МЗШВ