На 19-та „Ракијада“во Валандово се произведоа околу 400 литри ракија

Вести

Гроздоберот и официјално заврши, а валандовските лозари безмалку  две децении крајот  на сезоната го одбележуваат  на нивни начин, со манифестација посветена на домашната  ракија.

Валандовските лозари ги посетија и премиерот Зоран Заев и ресорниот министер Љупчо Николовски кој најави дека државната поддршка кон оваа гранка ќе продолжи и во иднина.

-Лозарството е наша важна стратешка извозна гранка, а преработката на грозјето во ракија е македонска традиција пренесувана со векови. Со премиерот Зоран Заев присуствувавме на „Валандовска ракијада“, настан кој го симболизира завршувањето на гроздоберот, рече Николовски.

Традицијата ја продолжија и годинава со 19 – та ракијада на  која учествуваа 40 мајстори  со 20 казани од кои  добија околу 400 литри ракија.  Велат за добра ракија биле потребни  и вештина и знаење, но најважно од се било квалитетното грозје.

-Годинава се откупени околу 95 милиони килограми грозје, а се постигна и повисока откупна цена. Воведовме нова дополнителна субвенција од 1 денар за килограм предадено грозје за двете најзастапени сорти, смедеревка и вранец – мерка за која лозарите ќе можат да конкурираат до 25 декември годинава, истакна Љупчо Николовски.

Во оваа реколта според податоците на државниот земјоделски инспекторат откупени се близу 100 милиони килограми грозје. нив 42 милиони се вранец, 31 милион смедеревка, додека останатиот дел се други квалитетни сорти грозје кои според министерството годинава достигнале повисоки откупни цени за 60%.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *