На Балканот се извезувало месо старо 12 години

Вести

Белгиска месарска компанија остана без работната дозвола откако властите открија дека се фалсификувале податоците за рокот на траење на месо и месни производи, а во нив се ставале делови од животински тела кои воопшто не се дозволени за човечка консумација. Месото се извезувало и во Југоисточна Европа.

Властите ѝ ја одземаа дозволата за работа на компанијата „Вевиба.“

Од кланицата во Бастоњ, инспекторите зеле 200 примероци од 2.000 палети со месни производи кои биле подготвени за транспорт и утврдиле неправилности кај дури 133 од примероците. Имало и „кланички отпад“, кој е наменет за добиточна храна, но не и за човечка употреба.

Медиумите известуваат дека скандалот е уште поголем поради тоа што месо коешто  во 2004 година било обработувано во кланицата на фирмата „Вевиба“, било извезено на Косово 12 години подоцна.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *