На велешките земјоделци им се делат картички за „зелена нафта“

Вести

Во Подрачната едница (ПЕ) на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во Велес од минатата среда на земјоделците од Општина Велес, Градско и Чашка им се делат картичките за „зелена нафта“.

Како што информираат од ПЕ, пристигнати се 1 634 картички од кои дел се веќе поделени. Се очекуваат од МЗШВ уште „зелени картички“ за оние земјоделци што сега не се на списокот, а аплицирале за ваков вид субвенција за 2021 година.

Земјоделците можат непречено, секој работен ден, од понеделник до петок, да ги подигнат картичките од 09:00 до 15:00 часот во Подрачната единица. Оттаму појаснуваат дека финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои земјоделците аплицирале за субвенции во 2021 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *