Над 800 барања пристигнати за мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”

Вести

Македонските земјоделци имаат бројни бенефиции од искористувањето од ИПАРД 2 Програмата и заинтересираноста за овие средства продолжува да расте. За мерката „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства”, чиј рок за пријавување истече на 9-ти овој месец досега се поднесени над 800 барања, и се уште пристигнуваат по пошта, финалната бројка ќе биде позната на крајот на оваа недела.

-Во следниот период се подготвуваат и модификациите кои ќе бидат вклопени во новите јавни повици од ИПАРД 2 програмата кои ќе бидат наскоро објавени. Процесите, интересот за ИПАРД Програмите пристигнатите и склучените барања се доволен показател дека македонското земјоделство се движи во правилна насока, истакна министерот Николовски.

За Мерката „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи” пристигнати беа 65 барања со вкупно побарана сума од 15,9 милиони евра.

-Паралелно се спроведува силна кампања за ИПАРД за да се доближат мерките до заинтересираните. За мерката „Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата се одобрија 24 барања, од кои за 17 минатата недела веќе беа склучени договори со вкупна вредност на инвестициите од  5,1 милиони евра, рече Николовски.

Од првиот јавен повик за ИПАРД 2 Прогрмата се склучени 953 договори со вкупна сума од 22,4 милиони евра. До денеска пристигнати се 638 барање за исплата на завршени инвестиции, со вкупна вредност од 6,3 милиони евра. За 148 инвестиции од страна на Платежната веќе се исплатени близу 2 милиони евра.

Во меѓувреме МЗШВ работи и на ново софтверско решение, Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола ИАКС преку кое ќе има целосна контрола на процесот на исплаќање на директните плаќања.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *