Надлежните велат дека во Македонија нема увоз на пченка со листерија

Вести

Скандал со опасна бактерија се шири низ Европа. Фабрика за зеленчук од Унгарија преку смрзната пченка раширила листерија во 107 земји каде што извезувала.

На листата на земји во чии конзервни фабрики вршеле извоз каде таа пченка се пакувала како посебен производ или како мешавина од смрзнат зеленчук освен многу европски земји се и сите земји од нашето опкружување.

Албанија, Бугарија, БиХ, Грција, Словенија, Хрватска се земјите од регионот каде исто така оваа фабрика извезувала и од каде треба потрошувачите да бидат посебно внимателни при купување на смрзнат зеленчук ако забележат дека имаат унгарско потекло. Според испитувањата на листата на земји и фабрики  каде извезувала спорната унгарска фабрика не се наоѓа ниту една македонска преработувачка компанија потврдуваат и податоците од Институтот за јавно здравје.

Европската Агенција за безбедност на храната (EFSA) открила дека последниве три години од истата фабрика се појавила производи со листерија по што на крајот на јуни унгарската канцеларија за безбедност на синџирот на храна ја забранила продажбата на сите замрзнати зеленчукови и замрзнати мешани растителни производи произведени од засегнатата фабрика помеѓу август 2016 и јуни 2018 година, и наредила нивно итно повлекување и отповикување.

Од почетокот на 2015 до 15 јуни годинава во Европа  пријавени се 47 случаи на епидемијата на инвазивна „Listeria monocytogenes“ од кои девет се смртоносни случаи.

Листериозата е болест која настанува преку консумација на храна загадена со бактеријата Listeria monocytogenes. Високата стапка на смрт поврзана со оваа инфекција ја прави загрижувачка за јавното здравје. Замрзнатите производи од зеленчук генерално се консумираат по термичка обработка, како што е готвењето, кое ја убива бактеријата. Сепак, не е невообичаено да се консумираат замрзнати зеленчуци без понатамошен третман, во салати,  и слично, со што се зголемува ризикот од појава на листериоза кај консументите

Препораките се пред да конзумирате замрзната храна убаво да ја обработите термички.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *