Најбогатиот земјоделец во Македонија лани остварил приход од 100.000 евра

Вести

Од продажба на сопствени земјоделски производи во 2017 година во износ од 5.726.269 пријавил граѓанин од Скопје, беше истакнато на прес-конференција на директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Од издавање земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид имот најголем приход пријавил, исто така обрзник од Скопје со 52.119.889 денари, додека од авторски права и индустриска сопственост највисокиот приход е 32.786.556 денари пријавена од обврзник од Скопје.

Пензионери со највисоки дополнителни приходи, покрај пензијата, пријавиле битолчанец со вкупни бруто приходи од 55.559.568 и скопјанец со пријавени 53.174.184 денари.

Само од пензија највисоки годишни бруто приходи има скопјанец во износ од 5.728.934 денари.

Со реформата што ја воведе Управата за јавни приходи од годинава граѓаните не поднесуваат годишна даночна пријава до Управата за јавни приходи, туку УЈП ќе ги достави електронски на даночните обврзници кои претходно се регистрираа на електронскиот систем.

Управата за јавни приходи ќе почне да ги доставува претпополнетите годишни даночни пријави од 1 април на корисничките профили на даночните обврзници. На е-маил адрестата корисникот ќе добие нотификација дека е испратена претпополнетата годишна даночна пријава, која ќе треба да ја потврди или коригира.

Одговорајќи на новинарски прашања директорката Лукаревска соопшти дека УЈП прави анализи за да се добие генерална слика за работење на верските заедници во земјава.

Појасни дека врз основа на закон сега верските заедници не подлежат на фискализација и дека за тоа имало иницијативи и претходно, но оти за тоа треба да се заземе став и да се направат консултации со Министерството за финансии.

Лукаревска потенцира дека ќе може да се фискализираат доколку се стават во една законска рамка, а дека согласно сегашните законски прописи верските заедници се даночат по повеќе основи, дека поднесуваат завршна сметка и дека плаќаат данок на добивка.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *