Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка и во Маврово

Вести

 

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -8 степени, во Маврово се измерени -6, во Крушево -5, Берово -3, во Тетово, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Виница, Дебар – 1. Еден степен над нулата е во Скопје и Демир Капија, а максимални три степени се регистрирани во Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 91 сантиметар, во Маврово снежната покривка е 48, а во Крушево 20 сантиметри. Најнмогу дожд, пак, во изминатите 24 часа наврнал вои Виница 37 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 16 и во Струмица 15 литри.

Во текот на ноќта и утрово е облачно со локален слаб дожд, а во источните делови со врнежи од снег. Дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *