Wednesday, August 04, 2021

Најстудено во Берово, за попладне се најавува дожд

Вести

Времето е ведро и претежно тивко, а утринава се зголемува облачноста од југозапад.

Најниска температура од – 3 степени е измерена во Берово и Лазарополе, нула во Крива Паланка и Попова Шапка, еден во Скопје-Петровец, Битола, Охрид, Крушево и Маврови Анови, два во Прилеп, Тетово, Струмица, Дебар и Претор, три во Куманово и Демир Капија, четири во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Гевгелија, пет во Виница и осум степени во Дојран.

Претпладне во поголемиот дел од земјата ќе биде сончево, а во западните ќе се зголемува облачноста. Попладне ќе преовладува умерено до значително облачно со појава на повремен дожд во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Повремен дожд ќе се прошири преку ноќта и во останатите делови од земјата. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22 степена.

Во Скопје претпладне сончево, а од пладневните часови ќе се зголеми облачноста и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *