Намален водостојот на природните езера

Вести

Водостојот на трите природни езера во земјава е намален во споредба со вчера. Според последните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро е намелено за два сантиметра, а на Преспанското и Охридското Езеро за по еден сантиметар во споредба со вчера.

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,64 метри повисок од повеќегодишниот просек за август, додека нивоата на другите две природни езера се пониски од просечните и тоа за девет сантиметри кај Охридското и за 1,62 метра кај Преспанското Езеро.

Пониски од просечните се и водостоите на повеќето реки во земјава и речиси кај сите се бележи благо намалување на нивото во споредба со вчера. Исклучок се Вардар на мерното место кај Јегуновце и Струмица кај Ново Село каде водостојот е малку повисок од вчерашниот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *