Намалени нивоата на Охридско и Преспанско езеро

Вести

Водостоите на повеќето реки во земјава се под просекот за август, со исклучок на Вардар и Бабуна, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Преполовени се Сатеска кај Ботун, Лепенец кај Скопје и Струмица кај Ново Село, а Крива Река кај Крива Паланка и Пчиња кај Пелинце се три пати пониски од просекот.

Состојбата со трите природни езера не е многу променета. Нивото на Дојранското е исто како вчера, а на Преспанското и Охридското е намалено. Преспанското е пониско за еден, а Охридското за два сантиметра. Во однос на августовскиот просек, Дојранското езеро покажува зголемување за 2,64 метри, додека Преспанското е намалено за 1,64 метри, а Охридското за 11 сантиметри.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *