Намалени водостоите на реките, повеќето под априлскиот просек

Вести

Намалување на водостоите во однос на вчерашниот ден бележат речиси сите реки во земјава.

Според најновите хидролошки мерења, Крива Река кај Крива Паланка и Струмица кај Ново Село и натаму се преполовени во споредба со просекот за април, а нивото на Дрим е трипати пониско.

Кај езерата, ситуацијата е речиси непроменета од вчера. Преспанското и Дојранското се со ист водостој, додека Охридското бележи пораст за еден сантиметар иако, сепак, е за четири сантиметри под априлскиот просек.

Како што информира УХМР, водостојот на Преспанско Езеро е осум сантиметри над апсолутниот минимум.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *