Наскоро ќе се пие пиво од канабис

Вести

Канаѓаните наскоро ќе можат да конзумираат пиво од кабанис.

Производителот на пиво, Дом Вендшух вели дека ќе бидат подготвени кога Канада ќе ја легализира марихуаната.

„Тоа ќе се случи на 17 октомври 2018 година, додека храната и пијалаците со канабис ќе се легализираат една година подоцна. Ние ќе бидеме подготвени дотогаш и ќе бидеме први на пазарот“ – кажа Вендшух.

Пивото го прават од суви стебла на растението.

„Повеќето производители користат цвет или листови на марихуана, додека остатокот од стеблото го фрлаат, бидејќи нема што да прават со него. Ние може да го добиеме овој материјал бесплатно, бидејќи во спротивно ќе мора да плаќаат некого за да се ослободат од него“ – раскажува тој.

Вендшух открил дека прво имале проблеми со вкусот на пивото.

Вели дека вкусот е „сув“ и помалку сладок од класичните пива.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *