Насоки за движење во полициски час за земјоделците

Вести

​Правила и услови за ослободување од полициски час на граѓани на Република Северна Македонија за време на вонредната состојба поврзана со вирусот COVID -19:

1.​ ​ ​ ​ ​ ​Право на движење има само еден​ (1) ​ член на земјоделско стопанство;

2.​ ​ ​ ​ ​ ​Доколку во земјоделското стопанство има член помлад од 67 години, не се издава согласност за лице постаро од 67 години;

3.​ ​ ​ ​ ​ ​Барањата се доставуваат по телефон или на е-маил преку подрачната единица на МЗШВ (која мора да провери дали барателот е запишан во регистарот на земјоделски стопанства и дали во стопанството има лице помладо од 67 години;

4.​ ​ ​ ​ ​ ​Согласноста се дава само за движење од адресата на живеење до фармата доколку фармата е надвор од адреса на живеење и до нивата (оранжеријата) доколку е надвор од место на живеење;

5.​ ​ ​ ​ ​ ​Задолжително се наведува КП на нивата односно фармата;

6.​ ​ ​ ​ ​ ​Движењето е дозволено само на релација место на живеење фарма (објект, оранжерија, нива);

7.​ ​ ​ ​ ​ ​Согласноста се издава само во времето кое го има наведено барателот;

8.​ ​ ​ ​ ​ ​Податоците задолжително се наведуваат во табелата во прилог истата се доставува секој понеделник и важи од за тековната недела;

9.​ ​ ​ ​ ​ ​Сите дополнувања во текот на неделата се со важност до важењето на периодот (до првиот понеделник пример доколку се поднесе барање во четврток тоа ќе важи за периодот од петок до понеделник);

10.​ ​Давањето на лажни податоци со кои се загрозува општата здравствена состојба на граѓаните и се прекршува полицискиот час е кривично дел, како за земјоделецот така и за лицето кое ги внесело податоците од ПЕ.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *