Неказнивоста и неспроведувањето на законите,проблем во секторот за заштита на животната средина

Вести

Антикорупциската комисија  укажува дека акутен проблем во секторот за заштита на животната средина е недоследното имплементирање на Законот за управување со отпад.

Антикорупционерите утврдиле дека општинските јавни претпријатија се во многу лоша состојба и неефикасни во управувањето со отпадот. Од таму на јавната дебата за состојбите во животната средина наведоа дека овој сектор е приоритетен проблем во борбата против крупцијата и иститот е вментнат во Националната стратегија за следните четири години. Министерот за животна средина Насер Нуредини уверува дека Владата вложува напори за воведување на построги правила за управувањето и транспортирањето на отпадот

Директорот на државниот инспекторат за животна средина Сретен Стојковски во следниот период ќе се соочат со затворање на 53 нестандардни депонии и ремедијација на 16 жешки точки со опасен индустриски отпад. Тој посочи дека инспекторатот има недостаток на ресурси за инспекциска и административна поддршка, буџетски средства, сопствени канцеларии и на возила.

„Се надеваме на конечно усвојување на Законот за инспекциски надзор за животна средина кој е во чекална цели пет години, како тим вложувае максимум за да одгоориме на бројните законски надлежности.“-Сретен Стојковски – Директор на Државниот иснпекторат за животна.

Од скопското претпријатие Комунална хигиена на дебатата кажаа дека тие често се мета на јавна критика за површини кои се под ингеренции на општините и не се во нивна надлежност. Посочија дека од почетокот на пандемијата поради вонредни активности биле изложени на трошоци, кои не биле предвидени во годишниот план за работа.

https://youtu.be/Z5SsPHUlffA
Канал 5
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *