Нема да поскапи цената на свинското пред претстојните празници

Вести Совети Сточарство

Граѓаните може да здивнат, нема да има поскапување на свинското месо на македонскиот пазар за претстојните празници, објави Групацијата на одгледувачи на свињи во Македонија.

Производителите на свинско месо, сакаат граѓаните релаксирано и со богата семејна трпеза да ги поминат празниците. Цените на домашното свинско месо нема да се зголеми, иако во соседството цените пораснаа за најмалку 30 отсто, изјави Ефтим Шаклев од групацијата.

Според Шаклев, цената на месото во соседството, па и во Европа се зголемила поради поголемата побарувачка на Кина.

Свинското месо е редовен специјалитет на семејните трпези за Велигден. Додека за денот на трудот се купува повеќе, бидејќи најчесто за овој празник граѓаните одат во природа и таму со друштво и пријатели праваат скара.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *