Непаразитски болести кај јаболката

Вести Овоштарство Совети

Стресот од високите температури најчесто се поврзува со недостатокот на влага во почвата, а потоа јаболкото страда од суша. Листовите изгледаат “овенато”, ја менуваат бојата во жолта, па во сива и прерано отпаѓаат.

Јаболкницата за време на суша ги отфрла плодовите, а недозреаните плодови паѓаат прерано и приносот може значително да се намали. Ако сувата сезона се совпадне со фазата на формирање на цветната пупка, приносот и во следната година ќе биде намален. Често, во такви случаи, предоцна се започнува со наводнување, па доаѓа до напукнување на плодот поради големата количина на вода за краток период.

Оштетувањето од високите температури и силната сончева светлина, може да се забележи на листовите и плодовите во форма на поголеми или помали опекотини. Овој феномен е поизразен во јужните делови на крошната на јаболкницата, кои се повеќе изложени на сонцето. З време на летното зарежување на јаболкниците, може да дојде до мали изгореници, кога плодовите остануваат директно изложени на сонце.

Во текот на летото, честа  појавата на силни ветрови, проследени со град, која, покрај другите делови на дрвото, исто така ги оштетува и плодовите. Стакленост (физиолошка болест на јаболкото), производителите поретко го забележуваат. Овие оштетувања може да се забележат при пресек на плодот. Некои делови од плодот се прозирни, бидејќи клеточниот сок продира во меѓуклеточните простори. Поретко ѓи зафаќа деловите под лушпата. Тогаш на лушпата се забележуваат темнозелени дамки. Тоа е типично физиолошко пореметување на младите и слабородни дрвја каде што односот помеѓу големинатана листот и бројот на плодови е премногу голем. Така, појавата на стакленост ја предизвикуваат сите фактори кои овозможуваат поголем развој лист во однос на бројот на плодови на јаболкницата.

Тоа се, на пример, претерана прихрана со азот, претерано зарежување итн. Кај плодните стебла, стакленост на плодот може да се појави при високи температури и јака сончева светлина за време на зреењето на плодовите. Оваа појава е почеста кај плодовите кои се наоѓаат на јужната страна на крошната, кои се повеќе изложени на високи температури и силна сончева светлина. Честа појава на стакленост на плодовите има и кај плодовите на кои се појавуваат опекотини од сонцето.

Чувствителни сорти, кои имаат меко месо на плодот се Delicious, Jonathan, Stayman и други. Кај овие овие сорти ова физиолошко пореметување може да исчезне за неколку месеци во текот на складирањето, посебно ако не е многу изразено. Ако се појави со појак интензитет, треба да очекуваме потемнување на месото околу семките на плодот, омекнување на средниот дел на јаболкото и пропаѓање на плодовите во текот на складирањето. Интензитетот на појавата на стакленост, може да се намали со рана берба. Процесот на дозревање треба да се следи и кога ќе се појават првите знаци на стакленост н апресек на плодот, треба одма да се започне со берба. Бидејќи појавата на стакленост кај јаболкото е тесно поврзана со недостатокот на калциум во плодот, таа појава би требало да биде добар индикатор за појава на „горки пеги“.

„Современо Земјоделство“
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *