Nestlé произведе чоколадо со 30% помалку шеќер

Вести

Со помош на малку наука, Nestlé успеа да произведе чоколадо кое содржи 30% помалку шеќер од останатите чоколадни производи на компанијата. За нив ова е голем чекор напред кон, како што тие велат, поздраво и подобро чоколадо.

 

Nestlé успеа да го постигне ова со реструктуирање на шеќерот преку научни методи, со што го доби новото бело чоколадо наречено Milkybar Wowsomes.

Nestlé е водечкиот светски производител на пакувана храна, но новиот „структуиран шеќер“ се произведува во фабриката во Далстон, Англија, како резултат на притисокот наметнат од владата на Велика Британија за намалување на дозата на шеќер во производите од прехрамбената индустрија со цел да се дејствува на здравјето на децата.

Шеќерот во новиот производ на Nestlé е „аморфен и порозен“, направен со тоа што одреден микс од шеќер, млеко и вода се прска во комора со топол воздух и потоа текстурата се суши.

„Млекото го стабилизира шеќерот и не му дозволува да биде леплив. Со тоа се постигнува шеќерот да се разложува побрзо, а вкусот во устата е посладок и посилен“, велат од компанијата.

Во моментов овој вид на чоколадо се произведува само за пазарот во Велика Британија, поради новите регулации на тамошната влада, но се очекува во наредната година ваквото производство да биде проширено низ повеќе фабрики и да се прошири бројот на видови чоколадо во кои ќе биде содржан ваков шеќер.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *