Невремето досега предизвика штети од околу 5 милиони евра

Вести

Околу пет милиони евра според првичните проценки на земјоделците се штетите во овчеполието од невремето минатата недела.

Сепак велат дека ќе почекаат  комисиите да завршат со работа и за 10 дена да  кажат колку точно изнесуваат штетите. Веќе се врши  проценка на уништените површини во Лозово и Свети Николе, но се доцни во Велес. Земјоделците се надеваат дека ќе бидат обештетени. Но бараат и да се врати системот на градобијна заштита.

Од министерството за земјоделство велат дека се работи на набавката на сосема нов автоматски систем за градобијна заштита, кој ќе биде според странските искуства. Со овој систем целосно ќе бидат заштитени земјоделските посеви од временски непогоди.

Силното невреме во средата зафати околу 5000 хектари површина во овчеполието. Најмногу настрадаа житните култури, лозјата, овошните насади и градинарството, но имаше и материјална штета.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *