Николовска:Словенечките земјоделци имаат 300 милиони евра субвенции годишно од кои 240 милиони евра се од ЕУ

Вести

Посебниот советник за земјоделство, на Претседателот на Владата, Ленче Николовска во својата официјална посета во Словенија оствари повеќе средби со земјоделски стопанственици.

Имено, со директорот на Платежната агенција Никола Бабоски беа во посета на Млекарницата „ЗЕЛЕНЕ ДОЛИНЕ“ во Цеље.

-Млекопреработувачки капацитет во сопственост на 1200 фармери кои се организирани во задруги и кооперативи. Менаџментот на компанијата не запозна со начинот на кој функционираат, особено во делот на одредување на цената на млекото која еднаш месечно ја формираат заедно со фармерите, истакна Николовска.

Што се однесува до развојот на компанијата таа кажа дека во последните неколку години имаат инвестирано во нова технологија со помош на ИПАРД средства и тоа во висина од 6 милиони евра.

-Најсилен впечаток ни остави искуството со банките кои ги следат во нивниот развој и кои со изјава гарантираат пред Платежната агенција дека инвестицијата ќе ја кредитираат тие додека не се повлечат парите од ЕУ фондовите. Да заклучиме- задругарство, држава и доверба е иднината на секој развиен аграр, рече Николовска.

Таа информира и дека Словенечките земјоделци имаат 300 милиони евра субвенции годишно од кои 240 милиони евра се од ЕУ, а само 60 милиони од домашен буџет.

 

Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *