Николовска: Отвараме пат за нови инвестиции и бизнис можности во земјоделството

Вести

Посебната советничка за земјоделство на Претседателот на Владата на Р.М. Ленче Николовска имаше средба со Браниотис Костас, во Верија- Грција, сопственик на компанија која се занимава со производство на овошни садници, вклучувајќи и органски, со модерна нано-технологија, сигурни, здравствено исправни, по сите стандарди што ги бара ЕУ.

Николовска по остварената средба истакна дека оваа компанија планира својот бизнис да го прошири и во Македонија.

-За почеток разговаравме за проширување на бизнисот во Македонија со дистрибуција на готови садници за кои македонските земјоделци ќе се уверат во квалитетот за потоа да започнат и со производство на саден материјал и во Македонија. Забелешката на Браниотис Костас во текот на нашиот разговор беше мотивирачка за нас – „Мал пазар сте но предизвик што ќе учествуваме во развојот на вашиот аграр“, – истакна Николовска.

Таа посети грчка фамилија и во битолското село Цапари, кои имаат инвестиција во овошен насад со италијански првокласни садници и квалитетен род.

Николовска истакна и дека во земјите членки на ЕУ, за програмата „млад земјоделец“ субвенцијата е од 35 – 40 000 евра. Парите се обезбедени од ЕУ фондови, а не од домашниот буџет.

 

 

Б.П. за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *