Николовска: Сите земјоделци што се жалат се во право, само требаше многу порано

Вести

Лани (и неколку години наназад) цената на јагнето беше 100 денари за килограм. Оваа година е 140-150 ден. За сточарите и 40% зголемување на цената не одговара бидејќи им е многу скапо производството. Од друга страна „мрежата“ која е со години создавана меѓу некои трговци извозници потешко се растура, а сточарите се неорганизирани. Падот на бројот на грла од 1 200 000 на 500 000 овци, колку што велат сточарите дека има сега, доволно зборува за катастрофалната состојба во овчарството” – вели Ленче Николовска, Посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата.

Плановите се преку намалување на трошоците, зелена нафта, да имаат земја за сопствено производство на добиточна храна, повисоки и редовни субвенции, да се стабилизира производството.

“По стопирањето на негативниот тренд кој повторно ќе кажам, трае со години, можеме да зборуваме за негов развој.
За жал, можам да констатирам дека речиси сите земјоделски гранки се во надолна линија и она што сега најмногу работиме е нивна стабилизација. Ние всушност почнуваме од нула (еден агробизнисмен ми вели од минус) , заедно со чинителите во одреден сектор. Дали е откуп на јагнешко, пласман на зелка, цена на млеко, сеидба на ориз, очекувана жетва на пченица…секаде почнуваме со констатацијата дека состојбата е лоша и хаотична и треба најнапред производството да го поставиме на добра основа, да знаеме што сакаме и како да го направиме тоа. Во овие заложби на владата директно учествуваат земјоделците, агробизнисмените, трговците, откупувачит…,секој со своите проблеми и решенија” – истакна Николовска.

“Во земјоделското производство нема спектакуларни резултати за неколку месеци, но годинава ќе може да се види правецот по кој се движиме. Полесно е потоа, од добро, да направиме уште подобро. Во меѓувреме, земјоделците ќе се жалат. И со право, но требаше многу порано, така ќе ни беше полесно сега да се извлечеме од ситуација во која се наоѓа вкупниот аграр” – заврши Николовска.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *