Николовски: 8,54 милијарди денари вкупна финансиска поддршка за развој на земјоделството

Вести

За 2019 година ќе се издвојат 290 милиони повеќе за капитални проекти во водостопанството од минатата година, или близу 428 милиони денари. Ова го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција поврзана со граѓанскиот буџет за 2019 година, за сектор земјоделство.

-Над 1,7 милијарди денари се предвидени за Програмата за рурален развој, што е покачување од 148 милиони повеќе во споредба со 2018 година. Средствата за националното кофинасирање за ИПАРД ги зголемивме за 90 милиони, со што достигнаа 150 милиони денари, истакна Николовски.

Министерот Николовски на денешната прес-конференција најави една исклучителна мерка како помош за малите земјоделски стопанства.
-Европската Унија ни сугерира малите земјоделски стопанства да ги издвоиме од сите останати, така што од следната година сите мали земјоделски стопанства до 1 хектар, а тоа се 47 отсто од сите апликанти, ќе бидат посебно третирани и ќе аплицираат по една мерка без разлика на производството, ќе имаат фиксен износ на субвенции и ќе бидат растеретени од контролите на Платежната агенција, односно контролата ќе се прави кај големите производители, и на тој начин можните манипулации ќе бидат појасно констатирани, рече Николовски.
Николовски истакна дека во следните 10 дена, МЗШВ ќе излезе со  промени во моделот на субвенционирање по сугестиите на европската унија. Меѓу другото, најави дека во 2020 година ќе се воведат зелени плаќања а во 2022 година, ќе се воведат нови еко шеми на плаќање.
(поопширни информации во текот на денот)
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *