Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, беше во посета на земјоделци од Кочани. Заедно со него беа и заменик министерот Трајан Димковски и директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.
Николовски со својот тим, секојдневно е меѓу граѓаните, меѓу земјоделците, разговараат отворено за секое прашање, за секој предлог, за секој проблем.

-Од овде, од Кочани, порачав дека македонскиот ориз, нашето бело злато, ќе продолжиме да го стимулираме преку Програмата за директни плаќања за 2022 година, а силен фокус ќе ставиме и на инвестициите во системите за наводнување, и каналите за одводнување и наводнување, како и пречистителната станица која има можност да ја собира сламата и да ја преработува во органско ѓубре, истакна Николовски.
Слушајќи ги денешните предлози на оризопроизводителите се изрази потребата за мерка за нови мобилни сушари, како и мерка за помош при набавка на ѓубрива за кои ќе се направат консултации со сите институции за нивна реализација.
-Целта е зедно да креираме ефикасни политики, да превземаме конкретни чекори за да го зголемиме производство на оризот, рече Николовски.
Денеска, Николовски посети и земјоделци во село Чешиново.

-Ми беше чест што утрово имав можност да поразговарам со Благојчо Василев од село Чешиново, млад земјоделец, корисник на финансиска поддршка преку мерката за набaвка на механизација од Програмата за рурален развој. Благојчо купил комбајн за ориз, се со цел да си го направи производство порентабилно. Особено ми е драго кога гледам дека млади луѓе инвестираат и се занимаваат со земјоделство, рече Николовски.
Тој додаде дека поддршката за младите земјоделци ќе продолжи преку зголемена мотивација за влог во земјоделство, да работат и останат во своите краишта.
„Современо Земјоделство“