Николовски: Целосна поддршка но и силен мониторинг за подрачните единици на МЗШВ

Вести
Подрачните единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство се главниот сервис за брзи и ефикасни услуги за земјоделците.
Министерот Љупчо Николовски, низ многубројните минатонеделни активности, оствари и средба со раководителите на подрачните единици на МЗШВ, со кои разговараа за нивна професионализација и ставање во целосна служба на сите граѓани што сакаат да се занимаваат со земјоделство.
Од мене како министер имаат целосна поддршка, но и силен мониторинг со цел испорака на брзи резултати во работата, работиме во интерес на граѓаните, одлучно и ефикасно, рече Николовски.
Тој додаде дека продолжуваат со работа, организирање месечни средби, но и обуки за професионализација на подрачните единици.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *