Николовски: Долгот кон лозарите мора да биде исплатен во најкус можен рок

Вести Лозарство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера одржа работен состанок со претставници од здружението на лозари , винарската визба „Повардарие“, стечајниот управник на винарницата „Гарланд Агрофуд“- (Стефанс винарија), градоначалниците и пратениците од Тиквешкиот регион. Целта на состанокот беше заеднички да се најде решение како да се исплати долгот за претходните години што овие две винарски визби го имаат кон лозарите.

Министерот Николовски посочи дека Владата и МЗШВ изминатиов период имаа интензивни состаноци на кои се разгледуваа сите начини како лозарите да си добијат парите за предаденото грозје во овие две винарски визби. Николовски на состанок децидно порача дека лозарите мора да ги добијат парите за предаденото грозје.

„Денеска заеднички за овие два случаи „Повардарие“ и „Стефани“ внимателно ги разгледавме сите можни сценарија, како и на кој начин треба да им се помогне за лозарите. Последен пат апелирам до овие два  субјекти кои што откупиле грозје од лозарите а истото не го платиле, дека имаат законска обврска да го исплатат долгото кон лозарите. Навистина помина долго време.  Иако долгот на „Повардарие“ лани беше над 3,5 милиони евра, денеска е околу 800 илјади евра, од кој што за дел се склучени соодветни договори за компензација со заштитни средства, сепак нашата порака е јасна,  долгот целосно мора да биде исплатен во најкус можен рок. Во случајот со винарската визба  „Стефани“,во тек е процес на отворена стечајна постапка, и затоа денеска разговаравме и со стечајниот управник,  со директори на банки и адвокати. Паралелно МЗШВ ги разгледува сите можности од правен аспект како и на кој начин државата може да помогне и да интервенира да овие две прашања бидат затворени. Јас ќе бидам среќен „Повардарие“ и „Стефани“ никогаш да не се повторат и затоа заеднички ќе иницираме и соодветни законски измени за да лозарите бидат заштитени. За мене е неприфатливо да се предаде грозје кое што нема да се плати истото да се стави во залог, а имаме такви случаи да грозјето кое е откупено е продадено а лозарите не добиле пари“,порача министерот Николовски.

На состанокот претставниците на лозарите побараа во најкус можен рок да им се исплатат парите за предаденото грозје а воедно се согласија дека треба заеднички да се најде начин да им се исплати долгот по основ на предаденото грозје.

При тоа министерот Николовски посочи дека долговите се по основ на претходни години од 2014, 2015 , но и дека во одредени случаи нема случаи нема ниту евиденција колку и на кого се должи. Инаку освен овие две винарници, за 2017 година целокупното грозје откупено од сите винарници запишани во регистарот е целосно исплатено.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *