Николовски: Доставени се првичните проценки за откуп на винарските визби

Вести Лозарство

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Неготино одржа работна средба со лозарите од тиквешкиот регион. Оваа средба се одржува на еден месец пред бербата на годинешното грозје, со цел навреме да се планира откупот на годинешниот род. Ваков тип на средба министерот Николовски одржа и со винарските визби.

На денешната средба министерот Николовски ги информираше лозарите за мерките што ги презема МШЗВ во делот на лозарството, како и за првичните проценки за план за откуп на грозје што го имаат доставено винарските визби.

„Веќе имавме средба со винарските визби и се доставени првичните проценки за откуп на винарските визби. Оваа година винарските визби немаат залихи и ќе побаруваат околу 150 илјади тони грозје. Денеска сме на средба со лозарите која ја одржуваме навреме пред бербата. Во следниот период ќе разговараме заеднички, МЗШВ ќе биде постојано медијатор и ќе го води овој дијалог помеѓу лозарите и визбите, се со цел како и за другите земјоделски производители, активно да го следиме производството и откупот, и како држава да реагирама навреме тогаш кога е потребно. Во делот на лозарството, како Влада покажавме дека постојано носевме одлуки во интерес на лозарите“, посочи министерот Николовски.

 

Николовски појасни дела МЗШВ ќе ги објави производствените цени на годинешното грозје, што е обврска на министерството и што ќе биде основ за дијалогот со лозарите и винарските визби. Во делот на начинот на исплата, Николовски посочи дека МЗШВ континуирано ќе ја следи состојбата на терен, и ќе се земат во предвид предлозите на лозарите во измените на Законот за вино.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *