Николовски: Ги поддржуваме законските решенија за регулирање и редуцирање на отпадот на храна

Вести

Република Македонија има конструктивен пристап во примената на одредбите од ЦЕФТА договорот. Настојуваме на целосно почитување на фитосанитарните и ветеринарните стандарди и поддржуваме законски решенија за регулирање и редуцирање на отпадот на храна, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Денеска во Загреб, Николоски присуствуваше на состанок на министрите од Западен Балкан, организиран од страна на Томислав Толушиќ, министер за земјоделство на Република Хрватска.  Се дискитураше за теми кои се важни за целиот регион, првенствено иницијативата за воспоставување на директива на фер трговска пракса, регистрирање на традиционални земјоделски производи и справувањето со вишокот на храна.

Во врска со заштитата на традиционалните земјоделски производи, Николовски ги најави подготовките за примена на директиви со кои ќе бидат заштитени македонските земјоделски производи и традиционалните специјалитети.

На крај од состанокот се констатира дека проблемот со вишокот и отпадот на храна е сериозен проблем за сите држави во Европа и македонското министерство е подготвено да подржи иницијативи и да примени законски решенија во овој правец, со што директно ќе се влијае врз регулирање и редуцирање на отпадот на храна кое само по себе ќе има позитивен ефект врз нашата економија , благосостојба и животна средина.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *