Thursday, April 18, 2024

Николовски: Граѓаните очекуваат поевтини прехранбени производи

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска рече дека не може да ги коментира цените на основните прехранбени производи, но очекува, како што изјави, нивно намалување согласно поддршката за струјата што ја добија компаниите од преработувачката индустрија.

-Не можам да ги коментирам цените, но очекувам нивното намалување по целокупната поддршка за струјата што ја добиваат компаниите од прехранбената индустрија да не е осум или десет проценти. Сите како граѓани очекуваме намалување на цените. Преработувачката индустрија доби дополнителни привилегии во делот на цената на електричната енергија и јас, како и сите граѓани, очекувам дека тоа на крајот ќе се види во маркетите, особено кај основните продукти чии цени граѓаните навистина очекуваат да бидат намалени, рече Николовски, одговорајќи на новинарски прашања пред средбата со малите производители на храна од „Алијанса Премиум“.

Според него, „надлежните институции и инспекторати таа работа треба да си ја завршат, да има соодветни контроли“.

– Граѓаните на некој знаат и очекуваат што поевтини производи со зголемената поддршка во време на криза, особено кога се во прашање основните прехранбени производи, потенцира министерот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *