Николовски и Тренчевска се сретнаа со претставници на Националната федерација на фармери: „Ги правиме сите напори, за системски да го утврдиме надоместокот за мајчинство“

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, се сретнаа со претставници на Националната федерација на фармери.

„Разговаравме за статусот и положбата на жените земјоделки, за изнаоѓање на правен механизам за надоместок за мајчинство на регистрираните жени земјоделки.

И двете министерства сме посветени во креирање на системско решавање на оваа проблематика. Ги правиме сите напори, за системски да го утврдиме надоместокот за мајчинство. Заедно, посветени креираме мерки, базирани врз меѓународни конференции од областа на трудот, и ги имплементираме политиките врз база на родова еднаквост и недискриминација.“, рече Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *