Николовски: Интензивни разговори за пласман на зелка на рускиот пазар

Вести Полјоделство

– Се подготвува понуда на македонска зелка за рускиот пазар. Се собираат податоците за расположливите количини и цените. Интензивно се водат  разговори за пласман, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

По средбата со винарите вчера во Градско, Николовски нагласи дека претставници од Министерството ќе имаат средба со производителите од Струмичко.

Украина и Русија засега не увезуваат македонска зелка зашто имаат прилив од други земји по многу поконкурентни цени.

Николовски изјава

– Во овие неколку часа се подготвуваат информации кои ќе бидат испратени до Македонско-руската стопанска комора која ги води разговорите. Верувам дека ќе имаме резултат, истакна министерот.

Според него, се вложуваат максимални напори не само за олеснување на извозот, туку и за обезбедување нови пласмани.

– Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, потенцира Николовски, додавајќи дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има денес зашто Министерството, како што рече Николовски, упорно се труди да најде решение.

Цената на зелката во моментов, според министерот, е 12 денари за килограм.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *