Николовски: Инвестиција од над 24,3 милиони евра за унапредување и конкурентност на земјоделското производство

Вести

При вчерашната посета на Валандово, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, направи увид во градежните работи на системот за наводнување кој е со должина од 85 километри и кој ќе биде готов 6 месеци пред предвидениот краен рок. Овој проект, истакна Николовски, значи унапредување на производството во земјоделството, а со тоа и поголема конкурентност.

Завршена е 70% од дистрибутивна мрежа на системот за наводнување на Валандово. Со оваа инвестиција од над 24,3 милиони евра го унапредуваме земјоделското производство и го правиме конкурентно.

Системот за наводнување е лоциран во Југоисточниот дел на општина Валандово, а составен од главна мрежа и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри. Опфаќа рехабилитација на изградба на околу 750 шахти за хидрантите опремени со затворачи и водомери – за наводнување со модерни техники. Овој проект започна официјално со градба јуни 2019 година и очекуваме да заврши 6 месеци пред предвиденото.

Преку обезбедување на квалитетна и навремена вода за наводнување на земјоделските површини, овозможуваме одржливо зголемување на земјоделското производство и намалување на трошоците. Изминатите години покажавме што значи вистинска грижа за земјоделството и земјоделците. Како одговорна партија, продолжуваме да вложуваме во мерки и проекти кои обезбедуваат развој на земјоделството и подобри услови за работа на земјоделците, напиша Николовски во пост на Фејсбук.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *