Николовски: Ќе ја подобриме сликата за земјоделските задруги во државата

Вести

Во Македонија има само 38 земјоделски задруги. Дел од нив постојат само на хартија, немаат капитал и се нефункционални. Кај постојните кооперации не се почитуваат основните принципи на здружување.

Од Министерството за земјоделство уверуваат дека се работи на подобрување на оваа слика. Министерот Николовски вели дека во тек е проект за поддршка на задругите. Вреден два милиони евра и парите се обезбедени од ЕУ.

За споредба, во моментов во Хрватска има околу 20.000 задруги. Сепак, ниту Хрватите не се задоволни од земјоделското здружување.

Потребно е да се разбере дека задругарството е бизнис, а задругите го развиваат стопанството во кое делуваме. Тогаш кооперациите стануваат демографија, односно го чуваат животот и просторот.

Во светот во задруги вклучени се една милијарда луѓе. Секој седми жител на ЕУ е член на некоја кооперација.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *