Николовски: Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ

Вести

Македонија има силна поддршка во евроинтеграцискиот процес, развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, постојано е во разговори за силен напредок на македонското земјоделство и подем во оваа најбитна гранка за економијата во државата.

-Тасос Ханиотис и Колин Волфи од Европската Комисија, кои беа дел од 12-от годишен работен состанок на министрите и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа, ни потврдија дека Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Со нив разговаравме за отворање на поглавјата „Земјоделство и рурален развој, Фитоветеринарни политики и безбедност на храна и Рибарството“ во следниот период, истакна Николовски.

Со потпишување на Декларацијата од Струга 2018 за “Регионална Соработка за Одржлив развој и Економски Просперитет во Југоисточна Европа” (ЈИЕ) се усвоија заедничките стратешки цели за земјоделството и руралниот развој, а со тоа Македонија ги потврди заложбите за членство во ЕУ, заеднички економски раст и просперитет во регионот.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *