Николовски: МЗШВ континуирано работи на развој на млекопроизводството

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска имаше средба со претставници на УСАИД и здружението „Знак за квалитет“ кои во МЗШВ го презентираа документот за политики „Катализирање на раст во млекопроизводството“, кој ја отсликува состојбата во млекопроизводството.

-Ги дефиниравме слабостите со кои се соочува овој сектор и ги слушнавме препораките за негов развој и усогласување со европските регулативи. Како министерство работиме на развој на млекопроизводството преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и мерките од ИПАРД Програмата, истакна Николовски.

МИнистерот додаде дека во следниот период ќе се започне поинтезивен дијалог со сите чинители за заеднички да се креираат ефикасни мерки и да се создаде одржливо млекопроизводство.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *