Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во четвртокот имаше пријатен разговор со Декани на дел од факултетите во нашата држава, проф.др. Златко Србиновски, проф.др. Лазо Пендовски, проф.др.Кирил Сотировски, и проф.др.Вјекослав Танаскович.

-Разговараме за можноста за ангажирање на апсолвенти или студенти во рамките на МЗШВ, и Управите во состав, истакна Николовски.
Николовски потенцираше дека младите се главниот двигател и коректив во нашето општество, и нивното место е токму каде се носат клучните процеси.
„Нивната вклученост, иновативност, нивните предлози и идеи би допринеле во креирањето и планирањето на мерки и политики од исклучителна важност за сите.
Со ова ја зајакнуваме соработката помеѓу министерството и факултетите , овозможуваме можност за стипендирање на студентите во сите области, и ги вклучуваме факултетите во изработка на програми и закони“, посочи Николовски.