Николовски на средба со претставници од Светска Банка, започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството

Вести
Утрово, Министерот Љупчо Николовски, имаше состанок со претставници од Светската банка.
-Разговаравме за започнување на постапката на проектот за модернизација на земјоделството во Република Северна Македонија. Овој голем и значаен проект опфаќа промовирање на конкурентноста во земјоделскиот сектор, како и изградба на откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и Струмица, рече Николовски.
Исто така Николовски потенцира дека дополнително со овој проект се зајакнуваат капацитетите на МЗШВ за управување со земјоделско земјиште во државна сопственост, се зајакнуваат имплементирачките капацитети на Платежната агенција, и се воведува систем за безбедно отстранување на нуспроизводи од животинско потекло.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *