Николовски на трибина со земјоделците во Прилеп

Вести

Синоќа се одржа трибина помеѓу министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со земјоделците од општина Прилеп.

На трибината присуствуваа Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јовановски, пратениците Хари Локвенец, Кети Смилеска, директорот на Платежна агенција, Николче Бабовски, директорот на ДИЗ, Јане Станкоски, раководителот на ПЕ Прилеп, Зоран Паческоски и Трајан Димковски.

Главна тема на трибината беше состојбата со тутунопроизводството и владините политики за развој на оваа земјоделска култура. Присутните ги сумираа резултатите од реколтата 2017, се разгледаа сите отворени прашања, со цел да може да се планира новото производство.

Тутунот од реколтата 2017 беше со одличен квалитет и се постигна највисока просечна откупна цена од 217,6 денари за килограм. Развојот на оваа гранка #МЗШВ го поттикнува со новото субвенционирање во три нивоа: 80 денари за прва класа тутун, и тоа е првото ниво, 70 денари денари за втора класа и третото ниво е 60 денари за трета и четврта класа, како и за дополнителните класи.

„Сакаме да ги резимираме резултатите од последната реколта, бидејќи имаме
информации што потврдуваат дека е постигната исклучително висока откупна цена на тутунот од 217,5 денари за килограм. Владата на Република Македонија во претходниот период внимателно ја следеше постапката во делот на откупот. Тука сме да ги објавиме и новите политики на Владата во овој дел, но и да ги разгледаме отворените прашања и на транспарентен начин да го продолжиме дијалогот со тутунопроизводителите“, порача меѓу другото министерот Николовски.

Како што рече Николоски, неговото присуство на трибината се должи на потребата од засилување на комуникацијата со земјоделците, пред сѐ со
тутунопроизводителите од прилепскиот регион.Според градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски зголемувањето на висината на субвенциите за тутунот од минатогодишната реколта доаѓа во вистинско време.

Затоа што ова се случува во период, кога на тутунопроизводителите им требаат пари за подготовки за претстојната сезона.

„Како регион со најголемо производство на тутун во Република Македонија,
зголемувањето на висината на субвенциите има големи придобивки за прилепскиот регион. На овој начин ќе заживеат чаршијата, пазарот и економијата, што претставува огромен придонес за граѓаните на општина Прилеп“, изјави градоначалникот Јованоски.

 

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *