Николовски: Обезбедуваме нови инвестиции за македонското земјоделство

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, во петокот беше во работна посета во Венеција, Италија, каде се сретна со организацијата Confagricoltura, во која членуваат најголемите земјоделски стопанства во Италија. На средбата се разговараше за соработка и можни инвестции во Македонија во областа на земјоделството.

-Обезбедуваме нови инвестиции за македонското земјоделство, отворање сточарски и живинарски фарми и унапредување на технологиите за производство, особено во месната индустрија. Во Венеција, Италија се сретнав со организацијата Confagricoltura, во која членуваат најголемите земјоделски стопанства во Италија. Нашите нови партнери имаат големо искуство во производство на месо, овошје и зеленчук. Тие потенцираа дека имаат голема доверба во новата влада и изразија интерес да инвестираат во Македонија.

Министерот Николовски интензивно работи на подигнување на свеста за развој на земјоделството во државата, обезбедување на нови инвестиции, отварање на нови работни места, зголемување на бројот на приватните агро-бизниси, реализирање на капитални проекти во интерес на земјоделството во државата.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *