Николовски-Паолучи – Проект за модернизација на земјоделството финансиран од Светска банка

Вести

-Денеска се сретнав со Масимилијано Паолучи, шеф на Канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија. Разговаравме за напредокот на имплементацијата на Проектот за модернизација на земјоделството финасиран од Светка банка, како дел од нашата долгорочна политика за обезбедување на сигурни и безбедни синџири на снабдување со здрава храна за нашите граѓани.
Ќе изградиме два откупни центри во Струмица и во Ресен и логистичко-дистрибутивна платформа во Скопје. Обезбедени се средства (1 милион евра) и за грантови на земјоделците за унапредување на квалитетот на земјоделските производи преку воспоставување на современи методи за производство и дистрибуција на храна до крајните потрошувачи.

Фејсбук-статус на министерот Љупчо Николовски

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *