Николовски: Работиме на изнаоѓање решенија земјоделците да имаат поволни земјоделски кредити

Вести

Министерот Николовски одржа онлајн состанок со претставници на ИФЦ – Меѓународна финансиска корпорација, за обезбедување на нов финансиски инструмент за одобрување банкарски заеми на земјоделски производители, фарми, задруги и други економски оператори од земјоделскиот сектор, со користење на формулата – залог на идни приноси од земјоделски култури или залог на веќе откупени приноси.

„Доделувањето на земјоделски кредити е отежнато и токму затоа работиме на изнаоѓање решенија како да им олесниме на земјоделците. Преку оваа формула на залог земјоделците би добиле две можности за кредитирање, финансирање пред жетва каде под залог се става идната култура и финансирање по жетва, каде залогот е на постоечките култури складирани во сертифициран склад.
Посветено работиме кон реализирањето на оваа нова можност за земјоделците и очекувам наскоро и самите да можат да го почувствуваат бенефитот од овој проект.“, рече министерот Николовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *