Во тек е редовен работен состанок на министерот Љупчо Николовски, со раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на Европската Унија, Никола Бертолини и со директорите на Платежната агенција и Агенцијата за храна и ветеринарство, Николче Бабовски и Зоран Атанасов.
Се разгледуваат сите отворени прашања поврзани со #ИПА проектите во делот на земјоделството, руралниот развој и безбедноста на храна, со цел брза и ефикасна реализација.